Тажна вест: Ненадејно не напушти Борче, нашиот долгогодишен претседател, предобар човек и вљубеник во кошарката

Кошаркарскиот клуб Бадел 1862 соопштува дека починал нивниот долгогодишен претседател Борче Филчев (71).

Борче Филчев беше составен дел на женскиот кошаркарски клуб Бадел 1862-Скопје, цели 35 години, од кои последните десет, повеќе од успешно ја извршуваше претседателската функција.

Со своето работење, организаторски способности, и посветеност кон клубот, во значителна мера придонесе за успесите на популарните „баделки“,

а под негово раководство, клубот освои шест шампионски титули, четири трофеи во Купот на Македонија и пехарот за освојувачот на Суперкупот на Македонија.

-Со неизмерна тага и огромна празнина во душата, соопштуваме дека ненадејно не напушти Борче Филчев (71), нашиот долгогодишен претседател,

предобар човек и вљубеник во кошарката кој остави неизбришливи траги во нашиот клуб. Нека ти е лесен патот до вечноста, пријателу наш…. соопшти клубот.

Од клубот додадоа дека оваа сезона и сите наредни му ги посветуваат него и на неговата визија за кошарката.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде