Тасевски со порака до опозицијата: Немате кредит за таков дебакл, седнете и сериозно размислете

Сашо Тасевски редовоно ги следи и ги коментира случувањата на политичката сцена во Македонија, па така се огласи и сега преку социјалните мрежи.

„Јас ќе го поддржам референдумот иако предочив дека е тоа исто ко да влезеш у казино со предумисла дека ќе го банкротираш.

А тие во казиното само такви чекаат.

Но, премногу сум кивен да оставам овие предавници од СДС да добијат се без испукан кypшyм.

Е сега…

Опозицијата нека размисли што ако казиното добие?

И што ако казиното изгуби таа вечер, но да кажат вратете ни ги парите зашто мамевте.

Што тогаш? Што ако излезат милион гласачи против бугарашкиот договор? Ама овие квислинзиве речат: Па што! Кој ве е6е! Си тераме со предавството.

Дали тогаш опозицијата ќе биде спремна со малку поинакви средства со помош на народот да ги неутрализира предавниците.?

Или пак се ќе заврши со: Па добро, пробавме, се заебавме.

Како опозиција веќе немате кредит за таков дебакл.

Треба да седнете и сериозно да ги разгледате овие прашања“, гласи неговиот Фејсбук статус.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде