„Е*ави сељачиштата скопски“, доктор Ненад Лазаров опиша што му се случило утрово, останал ШОКИРАН!

Ненад Лазаров е матичен лекар и работи во своја приватна ординација.

Тој е еден од ретките доктори од примарната здравствена заштита, кој се вклучи во медиумски дебати околу вирусот, покрај неколкуте професори од Медицинскиот факултет во Скопје.

Јавноста го запозна доктор Ненад Лазаров некаде во март минатата година, на почетокот од оваа пандемиска криза.

Тој со кратки статуси на својот профил на социјалните мрежи, почна да дава актуелни информации, поврзани со тогаш новиот и недоволно познат вирус, ковид-19.

Некаде пред две години, Ненад Лазаров почна акција за изработка на визири, со 3Д технологија, во време кога нашата држава, како и многу држави во светот, немаше доволен број заштитни маски.

Изработката на визирите беше реализирана со донации, а потоа тие беа бесплатно дистрибуирани на матични лекари, приватни и јавни здравствени установи, полиција и на други места каде што имаше потреба.

Утрово тој опиша ситуација која му се случила на скопските улици.

„Останаа у кола две девојчиња на сред семафори, им угасила, наместо да искочи и да им помогне некој, сите 10тина коли позади нив а пред мене ги испцуја и се изнасвиреа, преку тротоари кружеа и свиреа НИКОЈ НЕ ЗАСТАНА!

Особено гадни беа жените шофери.

Тек коа искочив да ги турнеме на страна бидејќи колона се направи, искочи и еден дечко да помогне.

Е*ави сељачиштата скопски!“, гласи неговиот Фесјбук статус.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде