Тажна вест вечерва ја потресе Македонија: Почина човекот кој три мандати беше градоначалник на Општина Бутел

Вечерва почина првиот градоначалник на Општина Бутел, Петре Латиновски, објави сегашниот прв човек на општината Дарко Костовски.

„За жал вечерва не напушти првиот градоначалник на Општина Бутел, Петре Латиновски.

Петре Латиновски е првиот градоначалник на Општина Бутел кој дванаесет години во три последователни мандати ја добиваше довербата од граѓаните.

Беше домаќин и работлив човек кој низ дванаесет години како градоначалник остави многу капитални проекти за Општината.

Или како што милуваше да рече “Јас работев под земја, на атмосферска и фекална канализација“,“, напиша Костовски на Фејсбук.

„За време на третиот мандат на Латиновски бев советник во Општина Бутел, понекогаш имавме различни ставови но сепак научив корисни примери за работењето и ефикасното функционирање на општината.

Почивај во мир!“, додава Костовски во објавата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде