Зоран Буревесник распали по Мицкоски: Вришти за пљачка на ЕСМ преку производство на струја, а молчи за измислените ископи на „Трансмет“ кога беше генерален на ЕЛЕМ

Новинарот Зоран Божиновски тврди дека во времето кога Христијан Мицкоски бил генерален директор на ЕЛЕМ, фирмата Трансмет наплатувала за ископ во РЕК Битола, а реално камионите работеле на други локации:

Вриштат и пиштат ДПМНЕ и МИЦКОСКИ на тема ,,ПЉАЧКА НА ЕСМ И ПЉАЧКА НА ГРАЃАНИТЕ ПРЕКУ ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА,,…

Ама гласно молчат за ,,ТРАНСМЕТ,, и измислени ископи и транспорт на јаглен кога ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ бил генерален директор на ЕЛЕМ, денешно ЕСМ.

Си имале во тоа време инсталирано софтвер преку скопска фирма ГПС за следење на движење на камионите ангажирани во ,,ЕЛЕМ/ЕСМ,,, а најбројни биле на ,,ТРАНСМЕТ,, во РЕК БИТОЛА.

Гооооооолем проблем се појавил кога ГПС следењето покажало дека камионите на ,,ТРАНСМЕТ,, копале по Косово, биле ангажирани надвор од Македонија, а кеш по тендери за ископ и транспорт наплаќале од РЕК БИТОЛА, со потпис на МИЦКОСКИ…

Немам информација која му е судбината на овој софтвер, бидејќи се покажал како штетен по континуираната пљачка, сеедно дали ДПМНЕ или СДС од Нашата земја е на власт…, пишува Божиновски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде