Миленко: Дали Мицкоски нема да краде кога ќе стане премиер? Ај да размислиме…

Миленко Неделковски во неговиот подкаст на јутјуб на тема „ Каков политичар ни треба? Кој треба да не води? “

правеше анализа на досегашните премиери и претседатели на Македонија при што заклучува дека еден нема што не крадел.

На крај, емисијата ја заокружува со прашање дали Мицкоски може да биде премиерот што нема да краде?

Миленко вели дека Мицкоски немал афери, изгледал чесен, вредело да се размисли дали може да биде премиер, но не ги спомна аферата со Делчевските ниви и малите хидроцентрали.

„Дали он може да е тој што ќе стане премиер а нема да краде? Што е нормално реткост, односно не ни имало пример.

Не викам дека е тој, не викам ни дека не е, велам дај да размислиме. Или имате некој друг“прашува  Миленко.

Неделковски во контекст дека немаат ниту една афера зад себе, ги спомна и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески и екс шефот на дипломатијата Никола Попоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде