Васко Ефтов предвидува дека Мицкоски ќе замине – еве кои се можни наследници

Што може да се случува на кадровски план во ВМРО? Мицкоски да остане во партијата, но со големи концесии кон Калето и кон власта.

Да се случи одреден преврат во ВМРО-ДПМНЕ,  вели Васко Ефтов во неговата емисија Во центар:

Александар Николовски секогаш се гледа како заменик на Мицкоски. Тој е прокуристот на Виктор Орбан. Но, мноштво финансиски и политички афери се врзуваат за неговото име.

Во моментот е некако притаен. Чека момент. Сите чекаат момент на политичка разврска во ВМРО-ДПМНЕ.

Освен Мицкоски, Илија Димоски и Антонио  Милошоски другите се штедат или чекаат момент кога ќе им биде даден сигнал да стапат во функција или да ја стават целата машинерија во погон.

Вториот човек е Тимчо Муцунски кој требаше да биде некоја верзија на Себастијан Курц. По локалните избори ја изгуби „бојата“, и сега никој не го споменува како можен наследник на Мицкоски, туку може да биде дел од пакетот што би го предводел Васко Наумовски.

Минатата година по кажувањата на Митко Јанчев, тој рече дека претставници на Калето дошле во Кавадарци, разговарале со него, и во негово присуство го промовирале Васко Наумовски како можен наследник на Христијан Мицкоски.

Но, мислам дека Никола Груевски нема да оди на една таква растур систем варијанта, туку ќе оди на мирна политичка разврска. Треба да го барате човекот кој е најмалку видлив во структурата на ВМРО-ДПМНЕ, а е секогаш имал најдобри релации со Груевски.

Секогаш кога ќе се праша кој има добри релации со Никола Груевски прв на памет ви паѓа Александар Николовски, па Тимчо Муцунски, па Христијан Мицкоски итн .. и никој нема да се сети на Владо Мисајловски.

Од Ѓорче Петров се и Мисајловски и Груевски. Братот на Мисајловски од позадина е главен на онаа структура на Курир. Замислете на структурата на Инфомакс, да дојде структурата на Курир, па тоа е атомска бомба која не може не само Мицкоски туку било кој во врвот на ВМРО да издржи.

Ако веќе Никола Груевски влезе во процес на расчистување во врвот на ВМРО-ДПМНЕ, мислам дека Владо Мисајловски ќе биде на чело на некое времено претседателство кој би го избрало новиот лидер.

Тоа се структурата и луѓето кои веројатно ќе влезат во процес на рекомпонирање на врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Минатата година беше се направено Митко Јанчев да има таква роља. Беше направен состанок. Зад тој состанок стоеше меѓународна заедница. На тој состанок присуствуваа видни членови на ВМРО-ДПМНЕ и таму не се појави Митко Јанчев. Тука Јанчев е пуштен низ вода.

Тој имаше историска шанса да го наследи Мицкоски но ја тргуваше таа шанса за втор мандат за градоначалник за Кавадарци. Следете што ќе прави Мисајловски. Ако се влезе во таква политичка разврска, Владо Мисајловски ќе има клучна улога.

Ковачевски може го промаши министерот за правда, но добро го погоди министерот за опозиција. Додека тој е на чело на ВМРО-ДПМНЕ, мали се шансите ВМРО-ДПМНЕ да победи на следните избори.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде