Поранешен директор на власта удри по СДСМ: Гласавте за говеда кои се cрамат да изговорат Македонија и на денот на нејзината независност

Актерот Сашо Тасевски, кој во еден период од владеењето на СДСМ беше директор на Драмски театар, по разрешувањето од фукцијата, не ги штеди функционерите на власт од критика.

Глумецот Сашо Тасевски, кој беше поддржувач на шарената револуција и на Зоран Заев против „режимот“ на Никола Груевски на социјалните мрежи реагираше

на тоа што за прославата на Денот на независноста 8. Септември, припадниците на власта за која се бореше и тој, ниту еднаш не го изговорија името Македонија.

Фејсбук статус на актерот Сашо Тасевски од 2020 година кој и денеска е актуелен.

– Гласавте за говеда без интегритет кои се срамат да ја изговорат именката Македонија дури и на денот на нејзината независност, напиша Тасевски на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде