„Беше борец, силна, одлучна, но тивка и кревка, летај кај ангелите, светол да ти е патот…“ – Адријана Алачки се прости од својата поранешна свекрва

Познатиот македонски хармоникаш и композитор Горан Алачки се прости од својата мајка.

„Почина мојата мајка Натка Алачка“ – напиша Горан на Фејсбук, известувајќи ги блиските пријатели и роднини за денот и времето на погребот.

Поранешната сопруга на Горан, пејачката и ТВ водителка на кулинарското шоу „Вкусот на традицијата“, Адријана Алачки преку својот фејсбук – профил со емотивна порака се прости од својата поранешна свекрва.

„Со голема тага и силна болка ја примив веста за смрта на мојата свекрва, Натка Алачка. Беше борец, силна, одлучна, но тивка и кревка. Беше пример за сопруга, мајка, баба, пријател.

Со неа поминав многу долги години од мојот живот, ми беше поткрепа во животните метежи, се радувавме и плачевме заедно и секогаш ќе ми останат сите нејзини совети како една книга оставена во аманет.

Беше прекрасна, грижлива и посветена баба на моите деца. Секогаш велеше,, терај си ја работата, јас сум тука”.

Сега веќе не си тука, но вечно ќе живееш во нашите срца, спомени и времиња. Твоето име ќе се спомнува, затоа што остави добри дела позади себе.

Беше столб во семејството, не дозволуваше ниту една бура да те разниша, секогаш беше со главата горе, горда и достоинствена.

Сеуште го паметам мирисот на твоите малешевски зелници, пишии и твоите кадн’ки…никој не знаеше подобро од тебе…ти благодарам за се!

Летај кај ангелите, светол да ти е патот, почивај барем сега во мир! Лесна ти земја, божествена мајко“ – напиша Андријана во описот на фотографиите.

Пејачката беше во брак со музичарот Горан Алачки, со кого се разделија во 2011 година.

Познатиот пар се родители на ќерката Грациела и синот Благоја, но и баба и дедо на внуката Јана.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде