Познат идентитетот на момчињата кои утрово загинаа во тешка сообраќајна несреќа: Никола, Стефан, Владимир и Урош не ја преживееа страшната несреќа

Во сообраќајната несреќа, што се случи утринава околу 5 часот и 30 минути на патот Ужице – Златибор, учествувал теренецот „БМВ Х5“, со регистерски таблички на Република Словенија.

На лице место починале возачот Владимир М. (27), Стефан Д. (21), Никола Д. (19), додека Урош Д. (22) од тешки повреди починал во болница.

До несреќата дошло кога БМВ-то, управувано најверојатно од сопственикот на возилото Владимир М.,

поради несооветна брзина изгубил контрола над возилото при пристигнувањето во Сурдук во близина на базата на АД „Патишта“ на дел од патот каде има три сообраќајни ленти.

Автомобилот излетал од коловозот од левата страна во правец на движење, удрил во бетонска преграда покрај асфалтот,

потоа во камена стрмнина до левиот раб на коловозот, по што од силината на ударот се превртел на коловозот.

Возачот и совозачот на предното седиште носеле сигурносен појас, додека патниците на задното седиште не носеле појас.

Телата на жртвите од возилото ги извлекле припадници на противпожарната служба во Ужице.

Извор: Курир.рс

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде