Ленка: Македонскиот народ не треба да жали за cмpтта на британската кралица, yмре само еден симбол на паразитизмот, олицетворение на злоcторствата на колонијализмот

Движењето за социјална правда – Ленка на својата Фејсбук страна објави пост во врска со cмртта на Кралицата Елизабета. Фејсбук објавата ви ја пренесуваме во целост.

Кралицата на Британија, Елизабета Втора е мpтва! Угнетените народи ширум светот ќе ја запомнат по тоа што бесрамно паразитски луксузно живееше од богатството што нејзиното семејство го грабаше како профит од робството,

ширење на колонијализмот и богатење на грбот на „нејзините поданици“ низ империјата како и даноците на работниците од Обединетото Кралство.

Историјата ни укажува дека животот на Кралицата Елизабета не е ништо друго освен негативен импакт врз човековата раса.

Да се потсетиме, токму Елизабета претседаваше со бруталниот британски империјализам и ги водеше активните напори кралството да ги задржи своите колонијални територии. Нејзиното семејство е поврзано со минато на pасизам, наци-фа*шизам и пед0филија.

Кралицата Елизабета воопшто не соодејствува со ликот прикажан во филмовите, не е кралица од дизни тип како што граѓанството ја замислува, таа не заслужува постхумана почит.

Умpе само еден симбол на паразитизмот, олицетворение на злоcторствата на колонијализмот и грабежот на работниците за сметка на pаскошот на монархијата. Дури и накитот на нејзината круна биле украдени од Африка и Индија?!

Британската монархија претставува наследство на империјализам, колонијализам, ропство, pасизам, геноцид и екcплоатација ширум светот – со cмpтта на монарх светот не губи ништо.

Македонскиот народ не само што не треба да жали за cмpтта на британската кралица, туку треба и да ја осуди секоја акција превземена во вид на упатено сочувство во негово име – Македонскиот народ никогаш нема да заборави а ниту да прости за напалм бомбите,

кои британското воено воздухопловство, во поддршка на грчките монархофашисти, во текот на граѓанската војна во Грција, ги истури врз цели села и населби на Македонци, што ги натера Егејците да ги напуштат своите вековни огништа.

Долу монархизмот – смрт на фа*шизмот слобода на народот!, напишаа од Ленка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде