„Ништо нема да не раздели“ – напиша пејачката Елена Ристевска, ги спакува куферите и замина за Америка

Нашата позната пејачка Елена Ристеска на својот инстаграм – профил објави видео под кое започнаа да се нижат честитки и желби за многу успех.

Пејачката ги спакува куферите и замина во Соединетите Американски Држави, поточно слета во Мајами, најголемиот град во Флорида.

„Мајами, ништо нема да не раздели од сега“ – напиша Елена во описот на видеото.

Засега не се познати конкретните причини за нејзиното заминување, ниту пак дали станува збор за краток или подолг престој во САД,

но според описот на пејачката, станува збор за големи планови или проекти поврзани со нејзината кариера.

Неодамна американскиот музички продуцент, пејач, музичар, инженер за звук, Артуо Галварезо,

престојуваше извесно време во Македонија, а негов повод беше пријателството и соработката со пејачката.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде