Разорен земјотрес: Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди областа на источна Нова Гвинеја

Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди областа на источна Нова Гвинеја во Папуа Нова Гвинеја, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот се случил на длабочина од 80 километри.

Папуа Нова Гвинеја се наоѓа покрај Огнениот прстен на Тихиот Океан, зона особено подложна на земјотреси, каде што се случуваат околу 90 проценти од сите земјотреси на Земјата.

НАЈНОВА ВЕСТ

Најмалку три лица загинаа во земјотресот со јачина од 7,6 степени што ја погоди Папуа Нова Гвинеја.

Според локалните власти, земјотресот се случил утрово, има повредени, а оштетена е и инфраструктурата.

Трите лица загинале во лизгање на земјиште во градот Вау.

Директорот на Центарот за катастрофи во провинцијата Мороб, Чарли Масанж, изјави дека се уништени здравствени установи,

домови и патишта и додаде дека може да биде потребно извесно време за да се процени штетата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде