Голема трагедија утрово го потресе регионот: Загинаа четири млади момчиња во тешка сообраќајна несреќа кај Ужице

Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава околу пет часот во близина на Ужице, пренесе Бета повикувајќи се на Блиц.

Сите жртви загинале во џип БМВ со словенечки регистарски таблички, кој се превртел на патот Ужице – Златибор кај каменоломот Сурдук, на неколку километри од Ужице.

Тројца млади мажи починале на лице место, додека четвртиот со тешки повреди е префрлен во Општата болница во Ужице, каде по кратко време починал. 

ДОПОЛНУВАЊЕ

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи на златиборската магистрала утрово во 5 часот и 30 минути загинаа четири млади момчиња од Ужице:

возачот В.М.(27), сопатниците С.Џ. (21) и У.Д.(22), додека идентитетот на четвртото лице се уште се утврдува.

Сите жртви биле во џип со регистарски таблички БМВ на словенечкиот град Копар, а обвинителството потврдило дека се од Ужице.

Како што објавија српските медиуми, несреќата се случила кај Сурдук, на патот од Ужице кон Златибор.

Неофицијално се дознава дека загинатите млади момчиња поради непрописна брзина удриле во карпата покрај патот, поради што автомобилот се превртел.

Сообраќајот на таа делница беше во прекин до 7:50 часот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде