Прекрасни вести: Еден од нашите најдобри фудбалери по втор пат стана татко! (фото)

Има ли поголема радост во семејството кога ќе се роди ќерка? Очигледно нема, а таква радост дочека и фудбалерот,

херојот кој ќе го памтиме по голот со кој ја покори Италија.

„Љубов моја, жено, кралицe, ти благодарам што на свет ми донесе уште една принцеза. Се роди нашата Искра. Те сакам…“,

напиша пресреќниот Александар Трајковски, кој засекогаш ќе го паметиме по одлучувачкиот гол кој ѝ ја донесе победата на Македонија на првиот меч од квалификациите за Светско првенство

Александар Трајковски е фудбалерот кој во март во мечот против Италија го даде одлучувачкиот гол и ѝ ја донесе победата на Македонија на првиот меч од квалификациите за Светско првенство.

„Ова е за мојата фамилија и за цела Македонија!“ – напиша тогаш на Инстаграм Трајковски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде