Внимавајте: Македонец платил 500 евра за да добие виза за Англија, кога сфатил што се случило било доцна…

На 12.09.2022 во Полициската станица Кавадарци, 42-годишен жител на Кавадарци пријавил дека бил измамен од едно лице од Скопје за сума од 28.600 денари.

Според пријавеното, пред два и пол месеци тој се договорил со лицето да му помогне да добие работна виза за Англија, по што му ги дал парите.

Како што е пријавено, тој не добил виза, а не му биле вратени ниту парите, по што се посомневал дека е измамен.

Се работи на расчистување на случајот.

Слична содржина

Гостиварец измамен за 19.000 денари – ова се деталите

На 04.08.2022 во 13:10 часот во Полициската станица Гостивар, 63-годишник од Охрид пријавил дека на 03.08.2022 бил измамен од едно лице за сума од 19.000 денари.

Според пријавеното, лицето телефонски се претставило како менаџер во угостителски објект во тетовско и му порачало угостителска опрема и побарало од него на влез во Гостивар да се сретне со друго лице, да земе дел за комбајн и да му го плати,

а парите ќе му ги даде кога ќе се видат во Тетово.

Исто така, според пријавата, откако ги дал парите го барал лицето, но не можел да го добие по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде