Голема трагедија: Најмалку 11 лица загинаа откако се преврте автобус полн со деца во Кашмир

Најмалку 11 лица загинаа, а 29 се повредени откако преполн автобус се преврте во клисура во Кашмир.

Индиските власти соопштија дека веднаш била започната заедничка спасувачка операција на армијата, полицијата и локалните селани.

Официјални лица соопштија дека девет патници биле пронајдени мртви на местото на настанот, додека други двајца им подлегнале на повредите во болница.

Состојбата на девет од 29-те повредени е критична, а шестмина се префрлени во владиниот медицински колеџ и болница во Џаму на специјализирано лекување, рекоа тие.

Локалните медиуми јавуваат дека повеќето од патниците биле ученици од блиското училиште, а меѓу жртвите наводно имало и две момчиња на возраст од пет и 14 години, две тинејџерки и една жена.

Секоја година на патиштата во Индија се 3агинaти или повредени стотици илјади луѓе.

Повеќето од несреќите се предизвикани од несовесно возење, лошо одржувани патишта и стари возила, наведува АП.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде