Инфомакс: Тројца скопски градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ под истрага

Против најмалку тројца скопски градоначалници е отворена истрага поради злоупотреба на службена должност, корупција и перење пари, дознава Инфомакс од извори во МВР.

Како што неофицијално дознаваме најмалку тројца градоначалници во изминатата година успеале на барање на Христијан Мицкоски да направат неколку кривични дела поради кои во моментов се предмет на истрага.

Во текот на вчерашниот ден градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска соопшти дека се разрешува директорот на скопскиот Водовод, Златко Перински како и генералниот секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски.

И двајцата важат за исклучително блиски до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а Перински своевремено беше и шеф во кабинетот на Христијан Мицкоски.

Информациите со кои располага Инфомакс и кој што ги објави уште минатиот викенд е дека Перински по директива на Мицкоски фаворизирал австриска компанија за добивање на тендерот за изградба на пречистителна станица на Вардар.

Наметнувајќи услови кои ги немало во препораките од Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициона банка,

Перински дефакто исклучил од можноста за аплицирање на тендерот на реномиран турско-американски конзорциум.

Целиот текст на Инфомакс прочитајте го ТУКА

Извор: Инфомакс

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде