Американските разузнавачи објавија кои политичари ги финансирале Русите: Русија потроши големи пари во Македонија

Ако 300 милиони долари се само врвот на ледениот брег, се соочуваме со исклучително сериозна и заканувачка операција.

Висок, неименуван претставник на американското разузнавање ја нарече руската операција за влијание врз резултатите од изборите во повеќе од дваесет земји како врв на ледениот брег.

Американскиот Стејт департмент, сподели со одредени медиуми упатството испратено во понеделникот до американските дипломатски мисии во повеќе од 100 земји, кое ги сумира наодите на разузнавачката заедница.

На дипломатите им беа дадени прецизни упатства како да ги информираат сојузничките и партнерските земји за американските наоди и како да дејствуваат против можните руски малигни активности.

Во информацијата што ја пренесуваат американските медиуми се наведува дека Русија ја започнала операцијата за поткуп на политички партии,

функционери и политичари во 2014 година, годината во која го анектираше Крим и започна бунт против украинската влада во регионите Доњецк и Луганск.

Во дипломатскиот меморандум се наведува дека Москва користела криптовалути, готовина и подароци за да ги обликува политичките настани во други земји, честопати користејќи ги сметките и ресурсите на руските дипломатски мисии за да го стори тоа.

„Во следните месеци, Русија може сè повеќе да се потпира на своите алатки за прикриено влијание, вклучително и тајно политичко финансирање, во Централна и Јужна Америка, Африка,

Блискиот Исток и Азија во обид да ја поткопа ефективноста на меѓународните санкции и да го задржи своето влијание во овие земји и региони среде војната во Украина“, се наведува во инструкцијата.

Во текстот кој го објави jutarnji.hr се наведени сите земји од регионот каде има руско влијание, а во продолжение ви го пренесуваме само делот за Македонија.

Русија во Северна Македонија потроши многу пари и инвестираше многу енергија за да го запре Договорот од Преспа, кој го реши проблемот со името со Грција и го отвори патот за влез во НАТО.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, која се спротивстави на промената на името, има блиски врски со Орбан, кој му даде засолниште на нивниот поранешен претседател Никола Груевски кога избега од македонската правда, се наведува во текстот на jutarnji.hr.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде