Нема крај: Потврда за уште еден yдар по џебот на граѓаните – цената на лебот ќе продолжи да расте

Компаниите од мелничко-пекарската индустрија најавија зголемување на цената на лебот и на пекарските производи ако не добијат субвенционирана струја од државата.

Велат дека жито и брашно имаат, ама цената на струјата и гасот секојдневно расте, поради тоа ќе морат да ги зголемат цените за да можат да ги платат сметките за струја и да опстанат.

Освен што плаќаат десетпати поскапа струја од компаниите во регионот, плаќаат и 100 отсто повисоки трошоци за пренос што ги прави понеконкурентни на пазарот.

Доколку продолжи растот на цените на струјата и гасот, тие најавуваат дека ќе има отпуштање на работници и затварање на компании.

-Имаме доволно количини на жито и брашно, но проблем е цената на струјата и гасот кои секојдневно растат. Колку и да е цената на суровината, електричната енергија ја крева цената на готовиот производ.

Цените на лебот и пекарските производи ќе расте поради цената на енергенсите.

Цената на струјата на слободниот пазар ја плаќаме од 33 до 40 денари по киловат-час, додека во земјите во регионот вклучувајќи го дури и Косово,

кое нема доволно производство и има рестрикции на струја цените на струјата за индустријата се движат од 4 до 6 денари за киловат час, изјави за ВЕЧЕР,  

Горан Малишиќ, претседател на Здружението на мелничко-пекарската индустрија во Стопанската комора на Македонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде