Денес ја славиме Мала Богородица: Жени, никако не правете ги овие грешки!

Се верува дека есента и зимата ќе бидат благи, без многу студени денови, ако на денешен празник биде ведро без облаци и ако се види сонцето поголем ден од денот.

Македонската православна црква и верниците денес го одбележуваат големиот празник-раѓањето на пресвета Богородица, празник кој се нарекува и Мала Богородица.

Денешниот празник се вбројува во 36 големи празници во црковниот календар обележани со црвени букви. Родителите на Пресвета Богородица Јоаким и Ана живееле во Назарет, а ќерката Марија ја добиле во постари години, после пет децении брак.

Празникот на раѓањето на Марија е 21 септември, но не е познато, од кога се слави и одбележува.

Меѓу народот овој празник се слави и со живописни обичаи, посебно посветени на раѓањето. Некои семејства во свечено руво, иако не слават и не одат на слава, поголем дел од денот го поминуваат во празнично расположение, посебно во краевите каде се одржуваат панаѓури.

Обичаи и верувања

Се верува дека есента и зимата ќе бидат благи, без многу студени денови, ако на денешен празник биде ведро без облаци и ако се види сонцето поголем ден од денот.

На Мала Богородица , исто како и на Голема, според народните верувања, постојат одредени забрани.

Жените денес не би требало да чистат низ куќата, да перат алишта и да извршуваат слични работи.

Постојат верувања дека на Мала Богородица ништо не трееба да се работат работи кои се работат со раце.

На денешен ден наводно не е добро ниту да се започнуваат никакви нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде