Eмотивно и тажно: Жените во Русија со солзи и молитви ги испраќаат саканите на бојното поле (видео)

Првиот ден од првата мобилизација на Русија по Втората светска војна доведе до расправии во воените центри.

Училишните наставници се принудени да дистрибуираат писма за во војска. Мажите имаа еден час да ги спакуваат своите работи и да се појават во прифатните центри.

На социјалните мрежи кружат видеа од жени како липаат додека ги испраќаат своите сопрузи и синови да се борат во Украина.

Многу Руси се обидуваат да ја напуштат својата земја откако претседателот Владимир Путин во средата најави делумна мобилизација бидејќи руските сили кои се борат во Украина претрпеа големи загуби.

Исплашени да не бидат опфатени со наредбата за мобилизација, многу Руси веќе успеаа да ја напуштат Русија и пристигнаа во Ерменија, Турција и во Србија.

– Значи, делумната мобилизација е една од причините зошто сум овде. Многу лош чекор и се чини дека може да доведе до многу проблеми за многу руски граѓани.

– Секако, јас сум загрижен. Не верував дека следниот чекор ќе биде мобилизација и чувствувам дека не многу Руси сакаат да се борат и сакаат да бидат мобилизирани и сакаат да одат во војска. Така е тоа.

Се бега и во Финска и Грузија. На граничните премини се забележуваат гужви и долги километарски колони возила.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека извештаите за егзодусот на полнолетни мажи од Русија по одлуката на Путин за делумна мобилизација се „претерани“.

Информациите за возбудата на аеродромите и така натаму се многу претерани беше многу претерано. Има многу лажни информации за ова. Треба да бидеме многу внимателни за ова за да не станеме жртва на лажни информации за оваа работа.

Специјалната операција почна да ги исполнува целите во Украина. Сега сме де факто соочени со НАТО блокот со сите нивни логистички можности. Ова доведе до овој неопходен чекор мобилизација.

Очајот кој владее низ Русија беше очигледен и на протестите кои синоќа беа органзиаирани ширум земјата. Русите се побунија против одењето на укрианскиот фронт, скандирајки Путин е y6иец.

Протестите завршија со над 1300 уапсени лица во 38 градови.

Руската влада се уште не прецизирала кои категории граѓани ќе бидат изземени од мобилизацијата на резервисти со воено искуство. Треба да бидат мобилизирани 300 000 од 25 милиони резервисти.

Синоќа се случи и најголемата размената на затвореници помеѓу Русија и Украина од почетокот на војната, со посредство на Турција и Саудиска Арабија. Киев доби 215 Украинци, меѓу кои над 100 бранители на челичарницата Азовстал и пет команданти на Азовскиот пол прогласен за терористистичка организација во Русија.  Украина врати 55 руски борци, но и Виктор Медведчук близок човек на рускиот претседател, а кум на неговата керка е токму Путин. Само за него било ослобдени 200 украински војници.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде