Хаос во јавно претпријатие: Колеги се истапеле на паркинг!

Двајца вработени во јавно претпријатие во Скопје се степале ноќеска околу полноќ на паркингот на претпријатието, соопшти полицијата.

„На 23.09.2022 во 00.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор во јавно претпријатие на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје

бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу вработените Г.Н.(46) и Н.Ш.(42), двајцата од Скопје“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, ќе следи соодветна пријава.

Слична содржина

Немири во Скопје: Жени се тепале на Бит Пазар, малолетник истепан во Аеродром

Во четвртокот вечерта малку пред полноќ 20-годишната М.Д од Скопје пријавила дека околу 20,30 часот во Скопје на подрачјето на Бит пазар била физички нападната од нејзината сограѓанка Л.Д. од Скопје.

Истовремено во 23.35 часот 40-годишната А.Р.Ш. од Скопје, пријавила дека во Скопје на подрачјето на Аеродром нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.

Се работи на расчистување на два случаи информираат од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде