Дедовци се тепале во Драчево, реагирала полицијата

Двајца пензионери, на возраст од 70 и 75 години, вчера околу пладне се степале во населбата Драчево, соопшти МВР.

„На 26.09.2022 во 12.30 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на подрачјето на Драчево, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Ѓ.(75) и Љ.С.(70), двајцата од Скопје“, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слична содржина

Дедо крадел пари од спортска обложувалница

На 05.09.2022 во 13.00 часот во гостиварско Врапчиште, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Б. од ова село.

Тој се сомничи дека на 3-ти овој месец од спортска обложувалница во селото противправно одзел парични средства.

По документирање на случајот против Ј.Б. ќе следува соодветен поднесок.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде