Попларната „Седмица“ повторно ги поскапе цените – еве колку сега чини хамбургер (фото)

На социјалните мрежи се појави фотографија за која се тврди дека легендарниот ланец на фаст фуд сендвичарници „7“ има нови цени на сендвичите.

Така, според фотографијата Хамбургерот чини 200 денари, додека чизбургерот се продава за 220 денари.

Тостот се продава за 150 до 170 денари.

Слична содржина

Цените вртоглаво растат: Еве за колку поскапе лебот, месото, млекото…

Трошоците на живот во август во однос на јули годинава се зголемени за 1,3 отсто, а цените на мало за 0,6 отсто. 

Во август годинава, во однос на истиот месец лани трошоците на живот се зголемени за 16,8 проценти, а цените на мало за 14,2 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот во август 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај лебот и житата за 6,4 отсто, свежото и разладеното овошје за 3,8 отсто,

млекото за 3,6, месото за 2,5, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1,4 отсто, свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 1,3 отсто, пивото за 1,2, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,6, рибата и морските плодови, кафето, чајот, какаото за 0,3 отсто.

Во август, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 27,6 отсто, централното греење за 14,2,

фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 12,4, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 6,4 отсто и другите печатени материјали за 5,8 отсто.

Од државниот завод за статистика велат дека пораст на индексите има и кај рестораните и кафулињата за 3 отсто, цврстите горива за домаќинствата за 2,8, патниот патнички транспорт за 2,6, производите за домаќинставата-нетрајни за 2,5, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 2,2, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето за 1,8 отсто.

И кај материјалите за одржување и поправки на живеалиштето има пораст на индексите за 0,9 отсто, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот,

електричните апарати за лична хигиена, другите апарати и производи за лична хигиена за 0,8, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,7, мебелот и покуќнината за 0,4 отсто.

Намалување на трошоците на животот во август во споредба со јули годинава е забележано кај маслото и маснотиите за 4,1 отсто.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде