Cтрашна сообраќајна несреќа: Камион падна во бездна и се запали на автопатот Гостивар – Кичево

Возач на камион завршил со тешки повреди откако излетал од патот Гостивар-Кичево.

Од СВР Тетово информираат дека во 12 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавена сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Во непосредна близина на Новоселски мост, товарно моторно возило „Мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(32) од Скопје, излетало од коловоз, паднало во бездна и се запалило.

Возачот на товарното возило е пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, каде му се констатирани тешки телесни повреди, а екипи од гостиварската Територијална противпожарна единица го локализирале пожарот на возилото.

На местото на несреќата увид врши екипа од ОВР Гостивар.

Извор: Слободен печат

Слична содржина

Уште една сообраќајна несреќа: 26-годишна девојка тешко повpeдена!

Дваесет и шестгодишната гевгеличанка Ц.М. била тешко повредена во сообраќајна несреќа што денеска се случила на релација Демир Капија-Миравци.

Ова го потврди за МИА, портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Тој појасни дека во незгодата, возилото со коешто управувала гевгеличанката, удрило во банкина.

По несреќата, повредената девојка била пренесена во скопската болница ,,Мајка Тереза”.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде