СОВЕТИ ЗА ДА ПЛАЌАТЕ ПОМАЛКУ: Еве како е најдобро да ја користите климата!

Дали е подобро за вашиот струјомер да ја исклучувате климата кога не сте дома или попаметно е да ја држите вклучена цел ден? Одговорот ќе ве изненади.

Кога е пекол надвор, нормално е климатизерите да работат со полна пареа, барем додека престојуваме во нашиот дом или деловен простор. Се подразбира дека овие апарати трошат многу електрична енергија.

Но, има ли начин тие да трошат што помалку, односно да ја намалите сумата за сметките за струја?

Секако дека постои, но само ако знаеме да го искористиме. Сега запрашајте се дали навистина штедиме струја со исклучување на климата кога не сме дома или подобро е да ја оставиме климата да работи на иста температура цел ден?

Можеби ви се чини дека трошите повеќе струја кога одвреме-навреме ја вклучувате и исклучувате климата, но на тој начин всушност ќе заштедите значителна сума на пари, а климата ќе работи подобро на тој начин.

Имено, системот за ладење на просторот е најефикасен кога работи со полна брзина, отколку кога работи во пократки периоди со помала брзина за да одржува константна температура во текот на денот.

Освен тоа, кога клима уредот работи со полна брзина, ќе ја исфрли и влагата од вашиот дом.

Може да заштедите и струја ако го поставите термостатот на клима уредот на повисока температура (разликата помеѓу собната и надворешната температура не треба да биде поголема од 7 до 10 степени).

Според некои податоци, клима уредот троши 3 до 5 проценти помалку енергија со секој степен повеќе на термостатот.

Сепак, за максимална заштеда на енергија, оставете го клима уредот да работи на 26 или повеќе степени Целзиусови додека сте далеку од дома.

Купете клима уред со прилагодлив термостат.

Така ќе можете да ја прилагодите температурата што сакате да ја имате во просторијата и кога ќе се вратите дома собата веќе ќе биде пријатно ладена. Купете термостат кој одговара и на системот за ладење и на системот за греење.

Поновите модели на клима уреди имаат и тајмер и термостат. Најдобар и најповолен избор за клима уреди кај нас се дефинитивно Теѕlа клима уредите кои доаѓаат во моделите Standard и Inverter.

Вентилаторот можеби нема да ја лади просторијата, но протокот на воздух ќе направи да се чувствувате поудобно дури и кога собната температура е повисока.

На овој начин ќе можете да го поставите термостатот на клима уредот на повисока температура и со тоа да трошите помалку енергија, а сепак да се разладите.

Меѓутоа, бидејќи вентилаторот не ја намалува температурата во просторијата, нема смисла да го оставите вклучен додека не сте дома, бидејќи на тој начин само непотребно ќе трошите струја.

Голема грмушка која создава сенка, засадена на јужната и западната страна на вашата куќа, ќе ја намали акумулацијата на топлина во текот на денот.

Најлесен начин за ладење на просторијата е да го отворите прозорецот, но не премногу. Колку помалку го отворате прозорецот, толку повеќе промаја ќе креирате.

Отворете ги прозорците во неколку соби во вашиот дом за да видите како се создава најудобна промаја.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде