Тажна вест: Почина долгогодишниот собраниски службеник и поранешен член на Комисијата за лустрација, Чедомир Дамјановски

66-годишниот Чедомир Дамјановски почина синоќа.

Дамјановски во моментот беше вработен како помошник раководител на сектор-работни тела, една од службите во Собранието. На први јули оваа година Дамјановски требаше да се пензионира во Парламентот каде беше меѓу омилените колеги на службениците.

Дамјановски, дел од својата работна кариера помина како член на Комисијата за верификација на факти, позната и како Лустрациска комисија.

Тој беше член на првиот состав на комисијата до 2014-та година и во јавноста беше познат како критичар на дел од одлуките за лустрирање за кои сметаше дека имаат политички карактер на реваншизам, а не служат за помирување во општетсвото.

Иако се кандидираше и за втормандат, Собранието не го избра и и во 2014-та, Дамјановски се врати на служба повторно во Собранието.

Извор: Телма

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде