Трагедија го погоди фудбалскиот свет: На само 34 години од рак на белите дробови почина поранешниот фудбалер и капитен на Базел

Тажни вести ни пристигнуваат денес од светот на фудбалот.

На само 35-години згасна животот на поранешниот фудбалер на Базел, Тун, Луцерен и Арау. Николас Шинделхолц беше дете на Базел и ги помина сите младински категории.

Тој ја загуби битката со ракот на белите дробови, а трагичната вест ја потврди Базел преку социјалните мрежи.

„Базел тагува по загубата на Николс Шинделхолц. Поранешниот наш капитен на У21 тимот почина од рак на само 34 години.

Шокирани сме од оваа вест и искажуваме искрено сочувство до неговото семејство. Почивај во мир, Нико“, стои во објавата на швајцарскиот вицешампион.

Станува збор за фудбалер кој играше на позицијата стопер и десен бек.

Најголем белег остави во дресот на Тун, во овој клуб помина осум години и во тој период одигра 136 натпревари на кои имаше четири гола и четири асистенции.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде