Татјана Стојановска ги искара политичарите: Нема политичар, еве да издвојам некој за којшто ќе речам дека правилно акцентира

Познатата презентерка во една прилика гостуваше во емисијата „Приказна“ која беше посветена на негувањето на македонскиот литературен јазик.

Таа отворено зборуваше на себеси, за своите почетоци, а им се обрати и на младите, на луѓето во дијаспората но и на политичарите.

-Јас почнав многу млада на 17-18 години, секако со неколкумесечна обука, во Македонската радио телевизија, пред да почнам да работам на камера, најпрво како најавувач на програма.

Потоа набрзо по неколку месеци почна ангажманот на Утринската програма „Добро утро Македонијо“. Имав можност да учам од доајените на македонското презентерство, така што се одеше чекор по чекор, не беше ништо избрзано, ги видоа моите перформанси.

Влијаеме со нашето говорење, да го научат децата правилниот изговор, да го научат младите генерации правилниот изговор, па еве и кога ќе речам и во дијаспората влијаеме на младите, за да го следат и учат македонскиот литературен јазик.

Тоа им е контакт со татковината. Најмногу грешат луѓето во акцентирањето. Јас морам да дадам еве и една ваква изјава: Политичарите прилично грешат во акцентирањето, затоа што и тие се јавни личности.

Затоа што и тие креираат јавно мислење, затоа што и тие влијаат и тоа многу влијаат на населението, на луѓето, на младината, значи и тие треба да внимаваат како говорат.

Јас го имам забележано буквално, не знам зошто е тоа така, српското акцентирање кај сите политичари.

Нема политичар, еве да издвојам некој за којшто ќе речам дека правилно акцентира. Затоа еве, апел нека биде до нив. Затоа што и тие се јавни личности“, рече Татјана.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде