Започна новата сезона во „Брза кујна“ – водителката Сања воодушеви со стајлингот

На изненадување на многумина, пред одреден период, Шеф Марк од „Брза кујна“, објави дека нема повеќе да биде дел од овој проект.

-Мора да ви кажам на сите што ме следите … нема да бидам дел од наредната сезона на Брза кујна… се надевам оти ви е јасно за што не… се гледаме во нови предизвици и им пожелувам само многу успеси во новата сезона на Брза кујна !!!“, напиша тогаш Марк.

Марк де Јонг има македонско потекло, но со години живеел во Брисел каде по големиот земјотрес во Скопје се преселило и неговото семејство.

По 50 години, Марк се вратил во Македонија и одлучил тука да изгради потполно нов живот.

Марк е одиличен готвач и знае да прави вистински македонски специјалитети. Што се однесува до неговиот приватен живот, Марк е во брак со Василка со која има две деца, ќерка и син.

Сања на Фејсбук го најави стартот на новата сезона на „Брза кујна“, сликана во кратки пантолони и со поинаква шминка и фризура. Таа изненади со овој нов имиџ, со кој изгледа топ и порача:

– Наскоро… Нова сезона на Брза кујна. И моите шефови се тука некаде низ кујните. Деновиве ќе се сликнам и со нив.

Сега се зафатени, готват, брзаат и ви подготвуваат супер сезона“, напиша Сања.

Таа не ја кажа веста која сите обожаватели на Брза кујна ги интересира, а тоа е:

Кој ќе го замени шеф Марк кој летово објави дека си заминува од ова шоу, а на своуте колеги им посака среќа понатаму.

Шеф Никола останува верен на Брза кујна и во оваа сезона.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде